https://www.flickr.com/photos/european_parliament/35139054432

30.06.2022 Скопје

Во брзање да ја награди жртвата на руската агресија, ЕУ направи грешка за шест земји од Југоисточна Европа, кои со децении чекаат на пристапни преговори. Првиот меѓу лидерите на Европската Унија и Западен Балкан донесе многу разочарувања, дури и горчина, меѓу земјите кои чекаат да почнат преговори со ЕУ.

Украина се кандидираше веднаш по руската инвазија на 24 Февруари. Значи се може ако се сака, Украина доби кандидатски статус поради војната.

Ако гестот кон Украина не е доведен до прашање, тогаш зошто претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, даде изјава дека Украина е поблиску до ЕУ од сите земји од Западен Балкан и дека земјата ги исполнува сите услови, дали имаат намера да ја наградат Украина со симболичен гест на солидарност и мотивација?

Ако клучниот услов е да се биде во војна, тогаш со силна доза на суров цинизам би заклучиле дека начинот на кој Западен Балкан може да го забрза процесот на интеграција е да се оди во војна. Ако Украина и Молдавија се колатерални победници во војната, Северна Македонија и Албанија се колатерални жртви што се уште чекаат отворање на пристапните преговори, иако, особено Скопје успешно ги има завршено сите подготовки до сега.

Француското претседателство со ЕУ од утре ќе го превземе Чешка и прашање е дали Прага ќе почне да се занимава со Скопје и Софија.

Додека Русите ја отстрануваат буквата „Z“ како актуелен симбол на војната, на вратата на Брисел на која тропаат земјите од Западен Балкан пишува „Z“ – „затворено“.

Секоја чест на албанскиот премиер, Еди Рама, што имаше храброст среде Брисел да зборува за „измамничкиот дух на ЕУ“. Северна Македонија е брутално казнета и минува низ кошмарно патување. Прво добија блокада од Грција околу НАТО, потоа Бугарија околу ЕУ, а европејците на крајот се преокупираа со Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author