19.06.2022 Скопје
Мирослав Иванов, вршител на должноста претседател на Народното собрание на Бугарија, изјави дека францускиот предлог е во Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент.
Иванов ја повика министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска, да поднесе извештај до Народното собрание за сработеното во овие шест ипол месеци во преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Која е договорената рамка како што ја гледаат и самата комисија, може да испита и ќе излезе со извештај што и како се случува и предлогот да биде доставен до Народното собрание, кое според Иванов не смее да му даде зелено светло на премиерот Кирил Петков да потпише официјално укинување на ветото.
Подготвено од М.Н.