26.06.2022 Скопје
Рускиот претседател, Владимир Путин, оствари средба со белорускиот претседател, Александар Лукашенко.
Рускиот претседател изјави дека во следните месеци ќе пренесе тактички ракетни системи Искандер – М во Белорусија, кои можат да користат балистички или крстаречки ракети во нивните конвенционални и нуклеарни верзии.
Путин изјави дека многу Су – 25 (авиони) се во служба на белоруската армија и тие би можело соодветно да се надрадат.
Лукашенко, минатиот месец, изјави дека неговата земја има купено од Русија, ракети Искандер со нуклеарни способности и противвоздушни ракетни системи C – 400.
Подготвено од М.Н.