https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Prespansko_Ezero_Slivnica.jpg

03.06.2022 Скопје

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) излегоа со соопштение за намалување на водостојот на езерата и реките во земјава, за овој период од годината.

На Преспанското и Охридското езеро за 1,86 метри е понизок водостојот од повеќегодишниот просек за јуни месец.

Дојранското езеро е за 2,62 метри повисок за овој период од годината.

Во соопштението стои дека нивоата пак на поголемиот дел на реките во земјава, се во рамките на просекот за јуни со исклучок на реките Пчиња и Крива Река, кај кои за речиси двојно понизок е водостојот од посечниот за овој период.

Подготвено од М.Н.

About Author