27.06.2022 Скопје
Пратеник од една партија во Северна Македонија, почна да крши и фрла се што ќе му дојде при рака во македонското Собрание.
Фрапантно видео објави пратеникот Миле Лефков од случката во Собранието и на видеото се слуша како пратениците му викаат на пратеникот Арбер Адеми, додека тој ја фрла и ја крши собраниската опрема.
Под видеото, пратеникот Лефков напиша дека Северна Македонија наместо Европа, станала како дивиот Запад.
Подготвено од М.Н.