15.06.2022 Скопје
Како резултат на војната меѓу Русија и Украина, бидејќи околностите се уште не се подобруваат, а војната продолжува, компанијата Икеа објави дека ќе ги продаде фабриките и ќе ги затвори канцелариите во Русија и Белорусија.
Малопродажниот бизнис на Икеа во Русија и Белорусија ќе биде запрен, а работната сила драстично ќе се намали, што значи дека многу ќе бидат погодени соработниците.
Од компанијата соопштија дека бизнисот на снабдување во светот, поради војната се силно погодени и не гледаат дека во скоро време ќе продолжи работата со нормален тек.
Подготвено од М.Н.