01.06.2022 Скопје
Укинувањето на антикризните мерки се очекува да предизвика пораст на цените на храната и енергенсите.
Основните прехранбени продукти повеќе нема да се продаваат со нула посто ДДВ, а се враќа и вкупното ДДВ за бензините.
Од Владата информираат дека се водел разговор за продолжување на антикризните мерки и можно е прехранбените производи да бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината, а на горивата да остане 5% ДДВ до крајот на годината.
Подготвено од М.Н.