16.06.2022 Скопје
Во рамки на Преспа форумот за дијалог се одржа сесија насловена како „Европскиот мировен проект во Западен Балкан“, каде што домаќин беше првиот потпретседател на Владата, Артан Груби.
Груби истакна дека на денешниот форум, кој се одржува во клучни околности за привршување на патот на помирување, во последните денови од билатералниот дијалог, го олеснуваат поддржувачите на Северна Македонија. Исто така, додаде и дека помирување во земјата, помеѓу нас, помирување во регионот, со соседите и со нула отворени прашања со нив, ќе ја заокружи успешната приказна на Република Северна Македонија.
Потпретседателот на Владата, Артан Груби, изјави и дека со потпишување на Договорот од Преспа, на светот сме му покажале најдобар пример за миротворство и дека со тоа немаме ништо изгубено, дури и имаме стекнато заедничко семејство и станавме побезбедни, посилни и пообединети. Груби додаде и дека Северна Македонија е раскрсница на Западен Балкан, три од правците се веќе изградени, остана успешно да биде завршен и четвртиот правец на добрососедство и да не однесе во Брисел.
Подготвено од М.Н.