12.06.2022 Скопје
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, напиша на неговиот фејсбук профил дека доколку не се почитуваш самиот себе, не можеш да очекуваш некој друг да те почитува, и бара од албанскиот премиер, Еди Рама, да се извини на целата македонска јавност.
Во статусот, Димитриевски напишал дека шегата на Рама воопшто не е прифатлива, а премиерот Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување, воедно истакна и дека молкот е повеќе од срам и дека вака не може да се гради Отворен Балкан.
Подготвено од М.Н.