https://www.flickr.com/photos/diaper/5792214838/in/photolist-9PQBF5-5qPXre-258g8zp-83pscf-zNBE9-C3Ydz-4N7NNB-J49BF-2mzeuwV-xyHVAd-Y1Dkw4-L4q9d-5qUhTN-5U9P6b-5XaKTw-au3Fdz-4ja3LT-7riJ4V-2nDKrVW-5XaKPf-Uu3E17-2cyZecV-zrHqG3-bnadv5-i6uprc-2nGLHFY-6TuBVh-bdayPa-6yWHDk-6TuCE9-8V6DY-2iVmnw6-ZDExAY-4pX7A-vTogJ-vTodh-pHr9RZ-2n7DWfT-4gN9j-wop7x-dkaEd7-2nEvUiQ-6TuCqW-f59oq-ieZccg-StEUYm-3aPryP-dz4JU1-bxAoSN-9DhG5c

06.06.2022 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажната цена на нафтените деривати, во просек за 1,30 отсто.

Еуросупер БС – 95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) се зголемува за 1 денар/литар, додека пак Еуросупер БС – 98 се зголемува за 0,50 денар/литар и Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Од 07.06.2022 година, по полноќ, максималните цени на нафтените деривати, со одлука од РКЕ, ќе изнесуваат:
– ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 ден/лит
– ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 ден/лит
– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 102,00 ден/лит
– Масло за горење, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 99,50 ден/лит
– Мазут М – 1 НС – 55,50 ден/кг

Подготвено од М.Н.

About Author