https://www.flickr.com/photos/jleung31/6800557962/in/photolist-bmWCXm-cFgX9m-6yvn6k-oj8wgV-7sq9fb-ajhqum-Cdbeuz-bK7td8-7LSJVh-85MNsW-qDDUZL-JByLgp-cFgYkq-6qkaU1-a4uXnM-eaRkpm-BWGMK-9aHSH-cFgTjs-cFgNwb-VQDbPa-GZeao2-cFgHX3-4wqaVY-cFgD6L-cFgEj1-jBcVsD-g9atfw-cFgGQy-7f1nfx-cFgS5j-6sbf6R-6W6Yr5-cFgUPy-8Bx6yo-cFgVZw-7re9Bv-8PXXgi-ByeiYQ-bj3BGX-6nYYBD-4vm4p3-HqDuRV-fNrt3-2zeJu4-9s3LwQ-dB6fr9-2efgdex-oV1Qxc-4W13vd

18.06.2022 Скопје

Германската федерална полиција соопшти дека има добиено информации поврзани со можни руски воени злосторства, извршени во војната со Украина, а во кои има вмешано политички и воени лидери.

Нивната цел е да ги идентификуваат и пронајдат одговорните за овие злосторства, доколку дојавите се вистински и врз основа од истрагата, злосторниците да се изведат пред лицето на правдата.

Украина објави дека се сомнева дека во конфликтот досега се извршени околу 15 000 воени злосторства.

Русија негира вмешаност во било какви воени злосторства, но сепак германски истражители ќе бидат испратени во Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author