https://www.flickr.com/photos/fosim/5207416049/in/photolist-4rkK4S-8Wannk-8Wdq89-8Wan26

24.06.2022 Скопје

Поранешниот евроамбасадор во Северна Македонија, Ерван Фуере, изјави дека доколку се сака решение за билатералното прашање, каде би имало балансиран пристап за приклучување на Европската Унија, јасно е дека прашањата со јазикот, идентитетот и историјата мора да се водат со паралелен процес.

Според Фуере, ова треба да биде исклучено од преговарачката рамка, бидејќи тоа е навреда за Македонските граѓани, тука се напаѓа срцето и душата на една нација и никогаш не треба да бидат дел од некое компромисно решение.

Фуере истакна и дека доколку некој сака да најде компромисно решение, клучно е да бидат земениво предвид проблемите од интерес на двете земји.

Подготвено од М.Н.

About Author