24.06.2022 Скопје
Со 170 гласа „ЗА“, бугарскиот парламент го прифати предлогот на француското претседателство за Северна Македонија, против беа 37, а воздржани 20.
Со оваа одлука, пратениците го потврдуваат ставот дека Бугарија може да поддржи било каков чекор од интеграцијата на Северна Македонија, при услови на ефикасно спроведување на договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, гарантирање на правата на Бугарите во РСМ, достапноста на европските гаранции за спроведување на договорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Од собраниската говорница беше прочитан ставот на лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифунов, кој ги опцу сите пратеници кои што гласаа „ЗА“ Бугарија да го симне ветото на Северна Македонија според условите од францускиот предлог и во Народното Собрание истакнаа транспаренти со натпис „Македонија е Бугарија“.
Подготвено од М.Н.