https://www.flickr.com/photos/94901301@N04/33383030513/in/photolist-SRWKVB-oRgLLY-J23UC-9rbxcj-2feJubU-B9WDoN-UKms5p-29A7rmb-27z5y1v-24P4TgG-g9z9Vf-86jmQa-279N4D2-5bSXfK-aXqgWa-CdzGfQ-oV1Qxc-PeAqM-4fADwW-23pujUK-8LhBCB-7f1nfx-azhPw7-A6rZi8-8KKzQf-8xNjVa-LSp5Ju-wLjrF-v7MAYQ-4WgLXX-EFq1uj-4Wd1C8-tdaFD-pQyqZ9-qXRdZP-5PeMhd-4zXNHf-6p7utC-e1LETF-Dr2Ag-b81qDn-fkkvbP-9UxnAa-api1EP-DpZMse-ZFaBGq-5Xirfa-gs1fPN-58Bcg3-5jzNCP

16.06.2022 Скопје

Франција ќе го испрати предлогот за укинување на ветото на Северна Македонија, додека бугарскиот премиер Кирил Петков треба да го достави до Народното собрание.

Со овој потег, Петков освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, Петков практично крие од бугарското општество што договорил поединечно со странските дипломати.

Во вчерашното обраќање на министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска, изјави дека Петков му ветил на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство, кое завршува на 1 Јули.

Подготвено од М.Н.

About Author