https://www.facebook.com/photo/?fbid=2807105446009541&set=a.719662856068637

05.06.2022 Скопје

Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ, соопшти дека се прават пресметки за цената на електричната енергија, којашто компанијата ќе ја продава на ЕВН.

Според неговата изјава, управните тела на ЕСМ интензивно комуницирале со сите производствени капацитети на компанијата и со консултации со Владата околу понудата за цената, која ќе се испрати до ЕВН.

Ковачевски во изјавата додал и дека како успешна компанија, ќе покажат општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат значително покачување на цената на електричната енергија.

Подготвено од М.Н.

About Author