07.06.2022 Скопје
За Гласот на Америка, аналитичарот Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, изјави дека САД треба да реагираат на Балканот, каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите.
Џозеф, исто така, се оврна и на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, прв од таков вид, и влијанието врз регионот, со што изјави дека тајмингот на одрржување на овој дијалог, не можеше да биде подобар за Северна Македонија, затоа што подоцна месецов, ЕУ ќе одржи Самит, од каде ќе биде донесена одлука за евентуален излез од овој анти – демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Тирана и според него, земјава се уште ги чувствува негативните последици од Бугарија со ветото, а ситуацијата е уште повеќе влошена по инвазијата на Русија во Украина.
Подготвено од А.Ѓ.