https://twitter.com/edwardpjoseph/status/1537437521033908225/photo/1

29.06.2022 Скопје

Со изјава на Едвард Џозеф, кој е експерт на Балканот и професор на универзитет во Вашингтон, истакна дека она што Путин го прави со бомби, Бугарија го прави со блокирање.

НАТО – членката, Бугарија ја користи својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши агресија врз друг НАТО сојузник.

Џозеф изјави дека Бугарија го негира македонскиот идентитет со навреди дека е вештачка нација, дека Македонија е Бугарија, историјата до 1944 година е бугарска, но тоа не е прифатливо. Тој нагласи и дека својот предлог, САД да го афирмира македонскиот идентитет, преку посебен договор меѓу САД и Македонија, билатерален документ што ќе го афирмира идентитетот, бидејќи ова веќе е проблем и на НАТО и на САД.

Џозеф рече дека премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски треба да одлучат каква позиција ќе завземат со бугарското поткопување на македонскиот идентитет и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *