21.06.2022 Скопје
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е извршено успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“.
Планирано е првиот комплекс да биде употребен во армијата до крајот на годината.
Карактеристиките, дометот и брзината на летот, ракетата „Сармат“ нема конкуренција во светот, може да напаѓа преку Северниот и Јужниот пол, совладувајќи ги системите за ракетна одбрана и може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руските експерти.
Подготвено од М.Н.