02.06.2022 Скопје
Една популација, особено кај ромското население, е оставена сама на себе и самите институции не водат доволно сметка, особено кога станува збор за основното образование, за да им се помогне и да бидат вклучени во образовниот систем.
Длабоката сиромаштија и недостигот на државна стратегија се главните причини за малиот процент на писменост на резидентното население.
Освен тоа, загрижувачки е фактот дека голем број на млади луѓе кои се стекнале со основно и високо образование, ја напуштиле државата бидејќи во земјава нема можност да го вреднуваат нивниот капацитет.
Подготвено од А.Ѓ.