https://www.facebook.com/photo.php?fbid=431169539012467&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

04.06.2022 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски на панелот „ Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“ во рамки на форумот „ГлобСек“ во Братислава, истакна дека крајно време е Северна Македонија и регионот да добијат силна и јасна порака од сите земји членки и институции на ЕУ за почеток на преговорите за членство, за да се потврди нивната европска перспектива.

Според премиерот Ковачевски со секое понатамошно одлагање на почеток на преговорите, може да има сериозни безбедносни последици за регионот и за Европа. Исто така, тој додаде дека моментално ЕУ има два проблеми. Едниот се одлуките за Западен Балкан, со што ако не се донесе одлука, кредибилитетот и важноста ќе и опадне и во моментот кога тие ќе опаднат, национализмот ќе почне да расте, што е нешто што може да се случи. Додека пак, другиот проблем е процесот за Молдавија, Грузија и Украина, кој веројатно ќе биде поинаков. Пристапувањето кон ЕУ е процес, кој треба да се заснова на заслуги и државата да ги имплементира вредностите на ЕУ, како што се демократијата, економскиот просперитет и социјалната правда, со што Северна Македонија, во однос на другите земји кои веќе преговараат неколку години, во различни поглавја е многу подобра. Воедно, застапена е поинаква слика во Европа и има нов геополитички развој на настаните, каде што ЕУ треба да одлучува за начинот како да го задржи својот кредибилитет и својата важност на Западен Балкан, затоа што ова е систем заснован на заслуги, со што мора да биде таков принципот и начелото за сите земји.

Во меѓувреме, Австрија до земјите членки на ЕУ проследила т.н. „нон пејпер“ кон крајот на мај, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author