04.06.2022 Скопје
На 1 Јуни престанаа да важат антикризните мерки, со кои беа намалени ДДВ – то и маржите за храната, како и ДДВ – то и акцизата за горивата, по што граѓаните се соочија со нов ценовен шок.
Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, изјави дека одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално кон зголемувањето на цените и дека тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Тој смета дека инспекциските служби треба да реагираат, затоа што не е можно некоја цена за 24 часа да порасне за 20 отсто, кога производствената цена за 24 часа не може да порасне за 20 отсто.
Битиќи потврди дека штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот, ќе се донесат нови антикризни мерки, кои ќе бидат таргетирани за специфични целни групи, што се најзагрозени и компании што се најзагрозени.
Подготвено од А.Ѓ.