02.06.2022 Скопје
Два дена по информацијата, која ја објавија медиумите дека францускиот претседател, Емануел Макрон, има дадено предлог за спорот меѓу Бугарија и Македонија и треба да се презентира во Париз, ни бугарскиот претседател Румен Радев, ни премиерот Кирил Петков не ја потврдија оваа информација.
Претседателот Радев прв соопшти дека нема да патува во Париз, а после него и Петков изјави дека тој лично не е запознаен со таков предлог од страна на Франција.
Петков изјави дека се уште нема поместување на разговорите меѓу Софија и Скопје и поради тоа ќе прифатат само предлози кои имаат смисла и кои се во рамките на рамковната позиција на Бугарија.
Подготвено од А.Ѓ.