17.06.2022 Скопје
За тврдењата дека постои француски план или иницијатива за надминување на бугарското вето и почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ, Париз се уште се нема изјаснето и јавно кажано нешто конкретно за францускиот план.
Според изјави на македонски и бугарски политичари, таков документ постои, неговата содржина останува непозната за јавноста се уште.
Според дел што го пренесуваат бугарските медиуми, Франција е подготвена да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачка рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивна имплементација, дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.
Подготвено од М.Н.