17.06.2022 Скопје
Алексис Ципрас, за време на доделувањето на „Наградата за мир и соработка на балканските народи“ за најдобра дипломатска работа, на почетокот на своето обраќање се осврна на денешниов ден, истакна дека за него е особено важен, со оглед на тоа дека пред четири години, на 17 јуни 2018 година, беше потпишан договорот од Преспа.
Станува збор за награда која Ципрас ја најави уште во Октомври, соопштувајќи дека паричните средства што ќе ги добие, ќе ги донира за академската заедница.
Ципрас истакна дека после договорот со Северна Македонија, веќе постои нова перспектива на сите нивоа во одбраната, економијата, па дури и во црковните прашања.
Подготвено од М.Н.