https://www.facebook.com/photo.php?fbid=571427077673741&set=pb.100044193621427.-2207520000..&type=3

10.06.2022 Скопје

Грчкиот премиер, во негова изјава, детално и опширно се задржа на европската перспектива на Западен Балкан, истакна дека регионот што се нарекуваше „Буре барут“ во Европа, може да се претвори во зона на напредок, мир и просперитет, доколку се забрзаат процедурите и до 2033 година цел Западен Балкан ќе влезе во ЕУ.

Според Мицотакис, тектонските промени што ги носи руската инвазија, ја истакнува потребата да се финализира стабилноста што Европската Унија ја нуди на нејзините земји членки, вклучувајќи го и Западен Балкан.

Мицотакис, исто така, изјави дека регионот ќе одговори на двојниот предизвик, а тоа е енергетската автономија и суверенитетот преку неповредливост на границите и соработка меѓу соседите, меѓусебното почитување и солидарност се основен приоритет на ЕУ во целиот регион.

Подготвено од М.Н.

About Author