19.06.2022 Скопје
Францускиот предлог за деблокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, во суштина ги абсорбира националистичките барања на Бугарија и преку преговарачка рамка го претвора во спор помеѓу Северна Македонија и Европската Унија.
Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставниците на владите на Северна Македонија и Бугарија и најавени се повеќе документи, кои се однесуваат на спорот и чие исполнување сега ќе го монтира ЕУ. Со новиот договор се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено нема гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади.
Јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ.
Подготвено од М.Н.