20.06.2022 Скопје
Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски, изјави дека францускиот предлог е најсериозниот предлог што Бугарија го добила досега за решавање на спорот со Северна Македонија. За прв пат се предлага Бугарите да бидат вклучени во Уставот на РСМ и според неа мора да се одаде почит на Франција, иако овој предлог и припаѓа на целата Европска Унија.
Нејнски во свое телевизиско обраќање изјави дека очекува премиерот да го каже својот став, пред да започне дискусијата и владите на Бугарија и Северна Македонија да донесат историски момент и ја имаат храброста да направат силно лидерство.
Подготвено од М.Н.