https://www.flickr.com/photos/renkata/14837846783/in/photolist-oBaQUx-cSNan-5Nouw-2h8uVfU-P3KEtc-CWNTrm-4KJ4qb-dJQdjq-dc1Z9y-PaVuaY-bqvF6S-2owu3N-39sVGK-2nq9pBw-2aDTz4F-aD25Bc-8oDsD2-2iaywnH-2dowg8q-2nqaJNw-2iaxqpb-5d8zE-r3VShk-5d8zF-2kJab5f-ag7Esh-pqkhSE-iBo8Ux-6c2QjP-9jRW6U-9UzV1C-5pMKvD-mmCRWz-b4drjH-HGwJJF-5TRpJJ-2kwzFdW-2pd5Ab-rtggGL-id4tM-4TMHHR-5Yik1-2eHVw1T-MA75n6-DatKBe-aJnyz-5pvNE8-NbYTjL-FhdBoF-bWZrN

24.06.2022 Скопје

По изјавите кои ги даде за време на Самитот за Западен Балкан во Брисел, премиерот на Албанија, Еди Рама, бугарското министерство за надворешни работи побара од Рама да биде пристоен и да зборува на соодветен јазик, како политичар на земја кандидат на ЕУ.

На ова веднаш возврати албанскиот премиер и им порача дека ќе мора да бидат многу трпеливи со него, доколку не биде тргнато ветото на Македонија.

Бугарското МНР изјавите на Рама ги оцени како премногу остри, а албанскиот премиер го оценија како „ексцентричен политичар“, бидејќи имал низок јазичен регистар и немал европски комуникациски вештини.

Подготвено од М.Н.

About Author