https://www.facebook.com/photo/?fbid=1387362347959623&set=a.299664845519595

28.06.2022 Скопје

Со образложение од Министерството за надворешни работи во Бугарија, дека има побарано од Русија да повлече 70 членови на дипломатски персонал, бидејќи треба да се намали бројот на персонал во амбасадата, за да биде усогласено со бугарското преставништво во Москва.

Во соопштението се наведува дека првата причина за таквото барање е реципроцитетот, а втора причина се активностите на руските функционери, за кои бугарските власти утврдија дека не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Во соопштението стои и дека овде не се работи за агресија врз рускиот народ, секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во својата земја од кај што е дојден.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *