17.06.2022 Скопје
Решавањето на било какви билатерални прашања и со тоа да биде условуван европскиот пат на една земја, која ги исполнила сите услови за да добие статус на кандидат и да почне преговори е преседант и тоа не смее и не треба да се случи.
Условувањето на евроинтеграциите со билатерални прашања може само да го отежне патот на сите држави од Западен Балкан кон ЕУ.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, смета дека ако веќе има на една работа поставено преседант, тој повторно ќе се повторува и верува дека тоа може да се случи на Србија во однос со Косово.
Брнабиќ истакна дека тука е и прашањето кое го покажува степенот на лицемерието, така што Србија е во специфична позиција, затоа што кога ќе ја погледнат Србија, тие земји во огледало ќе го гледаат своето лицемерие и двојните стандарди. Таа додаде и дека најдобро би било сите да се вратиме на позициите на меѓународното право и меѓународниот правен напредок.
Подготвено од М.Н.