19.06.2022 Скопје
Поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, по повод најновиот развој на нашите билатерални односи и предлогот на Франција, доставен до собраниската Комисија за надворешна политика, даде изјава дека актуелниот премиер, Кирил Петков, не е во состојба да го реши билатералниот спор меѓу Софија и Скопје.
Борисов обвини дека Петков тајно се обидува да договори нешто што ќе излезе пред јавноста, но не затоа што тој е лош, туку така ќе одлучи парламентот. Тој додаде и дека е јасно дека Петков не може да придвижи напред ништо што е поврзано со Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.