22.06.2022 Скопје
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека по разговор со пратениците од ГЕРБ, за тоа дали имаат доверба во него за да го поддржи предлогот и да даде зелено светло на Северна Македонија и Албанија, кажа дека од 59 пратеници ќе добие поддршка.
Борисов истакна и дека верува во Макрон и во ЕУ, бидејќи се што е добро доаѓа од ЕУ и НАТО и во моментов бараат проширување со Западен Балкан и дека они мораат да го поддржат тоа. Тој додаде и дека актуелната влада не направила ништо за протоколот, кој е составен дел на францускиот предлог, исто така, додаде и дека Петков си дозволувал да лаже во Брисел, бидејќи сите тие што не се со него и што му пречат ги нарекувал дека се мафија.
Борисов повика веднаш да се свика министерски совет, да се даде предлог и да се даде во Народното Собрание, бидејќи овој предлог е најдоброто решение за Бугарија, Балканот и ЕУ.
Подготвено од М.Н.