05.06.2022 Скопје
Откако од кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавија дека ќе има состанок со рускиот амбасадор и рускиот министер во Белград, Северна Македонија, Црна Гора и Бугарија му забранија прелет на авионот, со кој рускиот министер, Сергеј Лавров, треба да стигне во Белград.
Веста први ја имаат објавено српските медиуми, а потоа и премиерката Ана Брнабиќ, која потенцираше дека доаѓањето на Лавров е комплицирано поради ситуацијата во регионот.
Подготвено од М.Н.