14.06.2022 Скопје
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски соопшти дека секој може што сака да си прави во својот дом, но доколку нерационално се троши струјата и се прави невообичаена потрошувачка, секој ќе си го плати тоа.
Бислимоски истакна дека земјава е енергетски сиромашна, но електрична енергија мора да има за секое домаќинство.
Претседателот на РКЕ апелира до домаќинствата да ја намалат својата потрошувачка, бидејќи не е вообичаено 17 домаќинства да трошат 10 % од потребите на домаќинствата, треба да има електрична енергија за сите и апсолутно не смета дека е противуставно, имајќи во предвид дека ова ќе важи за сите потрошувачи во државата.
Подготвено од М.Н.