27.06.2022 Скопје
Откако клубот на РК Вардар доби известување дека поради не навремено подмирување на обврските, македонскиот првак нема да може да игра во Лигата на шампионите следната сезона, генералниот менаџер на РК Вардар, Михајло Михајловски изјави дека во периодов од две години биле подмирени обврските од околу 2,3 милиони евра и бил уплатен депозит на сметка на Европската ракометна федерација во висина од 300 000 евра.
Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов, видно разочаран излезе со своја изјава и кажа дека одлуката на ЕХФ тешко ја примиле и дека поради нечии други долгови, бездушно се казнети играчите. Тој додаде дека иако и претходно имале време да ги казнат, зошто баш сега избрале да биде тоа така и дека целата ситуација е чудна за него.
Капитенот на екипата, Стоилов, изјави и дека секаде е тешко, пандемија, војна, не е лесно да се опстане, но да гледаме позитивно, он е тука и останува тука и Вардар не може да згасне, ќе биде многу тешко за сите нив, но они се Вардар – шампиони.
Подготвено од М.Н.