https://www.facebook.com/photo/?fbid=570245977800876&set=pb.100044464358055.-2207520000..

16.06.2022 Скопје

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на социјалната мрежа фејсбук напиша дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, нема капацитет да го реши проблемот со парното и да се справи со енергетската криза.

Бектеши напиша дека во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парно греењето во градот, а имаме време само до средината на Октомври, кога почнува новата грејна сезона, градоначалничката на Град Скопје, Арсовска бега од одговорност и изјавува дека нема ниту капацитет, ниту волја да се справи со оваа ситуација. Воедно, во самиот статус стои и дека кога Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето на топлинска енергија и најмала штета да имаат граѓаните, Арсовска излезе и кажа дека има „решение“ како да го реши проблемот со снабдувањето на топлинска енергија, но кое е тоа решение сега?

Бектеши како што вели во објавата на фејсбук и покрај неспособноста на Арсовска, граѓаните на Скопје ќе добијат непречено и навремено парно греење.

Подготвено од М.Н.

About Author