https://www.facebook.com/photo/?fbid=574756380683169&set=pb.100044464358055.-2207520000..

23.06.2022 Скопје

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека на денешната основа ја следат состојбата и добиваат извештаи од страна на Државниот пазарен испекторат и дека може да каже дека цените не се намалени, согласно нивните очекувања со одлуката за замрзнување на маржите.

Одлуката за замрзнување на маржите важи до 30 Септември и министерот посочи дека се уште има простор за намалување на цените во одредени прехранбени делови до крајот на неделата.

Бектеши појасни дека имајќи во предвид дека сега ќе има нова жетва, посебно во делот на пченицата, сончогледот и слично, согласно со сите анализи, очекуваат дека цените ќе бидат намалени. Тој додаде и дека доколку гледаат дека не се почитува одлуката во делот на замрзнување на маржите, согласно сите анализи и увозни цени, во делот на формирање и одредени трошоци кои се вградуваат во формирање на цената, секогаш стои опцијата дека може да се донесе таква одлука.

Подготвено од М.Н.

About Author