https://www.facebook.com/photo/?fbid=574654884026652&set=pb.100044464358055.-2207520000..

21.06.2022 Скопје

Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари средба со новиот амбасадор на Република Косово во Северна Македонија, Флориан Ќехаја.

Како што информираат од Министерството за економија, на состанокот биле разменети мислења за мерките што ги превземаат двете соседни земји за соочување со енергетската криза, која го зафати регионот, па и светот.

Министерот Бектеши истакнал дека Косово е важен трговски партнер за Северна Македонија и е на 10-то место на листата на земји со кои нашата држава остварува најголем обем на трговска размена.

Од Министерството за економија информираат дека Бектеши и амбасадорот Ќехаја се согласиле дека соработката меѓу двете земји ќе се продлабочува уште повеќе во иднина.

Подготвено од М.Н.

About Author