26.06.2022 Скопје
На Самитот Г7 што се одржа во Германија, претседателот на САД, Џо Бајден, зборуваше за рускиот лидер Владимир Путин. Бајден истакна дека Путин од почетокот на војната се надевал дека НАТО ќе се распадне, но тоа никогаш нема да се случи.
Бајден, воедно, му се заблагодари на Шолц за се што направил откако станал канцелар, бидејќи решително одговорил на Украинската криза.
Подготвено од М.Н.