26.06.2022 Скопје
На Самитот на групата, седум индустриски развиени земји (Г7), ќе учествува и Бајден.
Бајден посетата ќе ја отвори со билатералната средба со домаќинот на Самитот, германскиот канцелар, Олаф Шолц. Тој и другите лидери на (Г7), ќе се обидат да изградат стратегија за обезбедување на енергетски резерви и борба против инфлацијата, поради војната во Украина.
Се очекува Бајден официјално да го започне глобалното инфраструктурно партнерство, кое го нарече „Градење подобар свет“, со цел да се спротивстави на влијанието на Кина во земјите во развој.
Подготвено од М.Н.