https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/571554904596445

13.06.2022 Скопје

Европратеничката Марион Валсман и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваа на трибина за поттикнување на женското лидерство, и учество во политиката и демократијата која беше организирана од фондацијата „Конрад Аденаур“.

Во Северна Македонија под 1 % има жени на лидерски корпоративни позиции, а жените одлично можат да водат и да создаваат инклузивни општества.

Арсовска изјави дека жените лидери се поврзани со пониски нивоа на конфликти, помалку ги прекршуваат човековите права, и ја зголемуваат довербата во институциите.

На настанот се дискутираше и за предизвиците со кои жените се соочуваат во политичките процеси, како и за можните системски решенија за надминување на постојаните недостатоци.

Градоначалничката Арсовска истакна дека во секое општество мора да постои систем на поддршка за сите жени, кои се предмет на напад, да се цени нивниот квалитет, важно е обезбедувањето на системска поддршка која ќе гарантира финансиска независност, како и фер третман, за да се овозможи кариерен напредок на сите жени.

Подготвено од М.Н.

About Author