14.06.2022 Скопје
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на регионалниот пат P1202, делницата Маврови Анови – Жировница во наредните 45 дена, ќе биде со посебен сообраќаен режим.
Во период од 10 до 16 часот, патот ќе биде комплетно затворен во сите 45 дена, поради активности за асвалтирање на регионалниот пат.
Автомотосојузот на Република Северна Македонија соопшти дека градежните активности ќе ги изведува Друштвото за градежништво „Пелагонија“ а.д.Гостивар.
Подготвено од М.Н.