https://www.pinterest.com/pin/542754192575931378/

15.05.2022 Скопје

Жителите на Влае неколку пати се собираат, за да дадат до знаење дека се против плановите на градоначалникот. Тие сметаат дека доволно згради има во околината и нови не им се потребни. На локалците доволни им се лулашките, парковите и отворениот простор.

Жителите од овој дел од градот даваат писмена поддршка на Иницијативата на граѓанските активисти и се надеваат дека само на хартија ќе остане она против коешто се борат. Тие се прашуваат дали во топлите денови што следат, Сонцето ќе им го кријат дрвјата или пак висококатниците.

Здружени под називот „Манифест на борба за Влае“ имаат собрано илјада потпишани и поднесени анкетни листови во Општина Карпош. Неизвесно е дали ќе има резултат од истите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author