07.05.2022 Скопје
На денешната прес – конференција, министерот Бујар Османи посочи дека со Република Бугарија комуникацијата продолжува, но и со француското претседателство, кое е одговорно да го менаџира и координира процесот на преговори.
Министерот смета дека се должни да не ги изложат граѓаните на безконечни фрустрации и разочарувања и дека еден треба да каже доста.
На крај на мај се надева дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција со Бугарија и конечно да се изнајде решение за да се тргне ветото врз Република Северна Македонија за влез во ЕУ.
Подготвено од М.Н.