https://www.facebook.com/photo.php?fbid=370535045120764&set=pb.100064928130593.-2207520000..&type=3

17.05.2022 Скопје

Денес, СОНК и Министерството за образование и наука одржија четиричасовна средба, со којашто постигнаа договор за зголемување на платите за 15 % на вработените во основните и средните училишта, кое ќе стартува од септември. Исто така, се разговараше и за утврдување на рокот за новите колективни договори и за методологијата за пресметкааа на платите за 2023 и 2024 година.

На денешната средба се разговараше и за изнаоѓање решение за проблемот со платите за периодот во кој штрајкуваа вработените во градинките.

Во наредните десет дена се очекува СОНК И МОН да ја потпишат спогодбата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author