05.05.2022 Скопје
Станицата за технички прегледи „Виа Комерц“ каде што автобусот на „Беса Транс“, кој изгоре во Бугарија, ја поминал контролата се уште не е навремено затворена иако пред неколку месеци се утврдени пропусти во работењето.
Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка во која треба да се утврди зошто е одземена документацијата од неколку сектори во МВР, кои го извршиле надзорот на станицата за технички прегледи и изготвиле решение за забрана на работа на истата.
Подготвено од А.Ѓ.