26.05.2022 Скопје
Рускиот претседател, Владимир Путин, во свое обраќање изјавил дека иако добил многу санкции од Западот, сега тие санкции се враќаат како бумеранг.
Путин изјавил и дека иако се многу развиени земји, сепак ќе се соочат со инфлации и кризи какви што не виделе досега.
Зголемувањето на цените на храната не е шега, како што мислел Западот и тоа влијае на целиот економски и политички систем.
По повод заминувањето на странските компании од Русија, Путин изјавил дека нивното заминување ќе биде добра работа за домашните производители, кои ќе го завземат нивното место.
Подготвено од М.Н.