24.05.2022 Скопје
Грчката државна телевизија објави дека во градот Петра е хоспитализирана жена на возраст од 65 години, заболена од лепра, соопштувајќи дека ова е втор случај на ова заболување во Грција.
Жената, која била по потекло од Албанија, била изолирана и хоспитализирана во Клиниката за дерматологија и во болницата биле превземени сите неопходни мерки за да се спречи ширењето на оваа болест.
Подготвено од А.Ѓ.