07.05.2022 Скопје
Во Елисејската палата во Франција, Емануел Макрон положи заклетва и со тоа го започна својот втор мандат на чело на Франција.
Макрон вети дека ќе и служи на земјата, на францускиот народ и на младите во Франција и дека во вториот мандат ќе изгради „планета што е посоодветна за живот и посилна Франција“.
Макрон во вториот круг од изборите победи со 58,55 отсто од гласовите.
Подготвено од М.Н.