https://www.facebook.com/photo/?fbid=10158236071081772&set=a.416660999829282

10.05.2022 Скопје

Нови фотографии од новиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ објави НАСА – Американската Национална воздушно – вселенска администрација.

Основното огледало на телескопот и подобрените детектори на научниците ќе им дадат многу појасен поглед на „инфрацрвеното небо“ во иднина, а тоа би значело нови откритија во астрономијата на длабоката Вселена.

Новиот телескоп кога ќе почне официјално со своите научни мисии, инструментот „МИРИ“ треба да им помогне на научниците да се осознае како настанале младите ѕвезди и ранопланетарните системи.

Првите експерименти ќе почнат летово.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author